Политика за приватност
1. Кои податоци ги обработуваме
- Сметка: анонимен идентификатор (без најава), или е-пошта и име ако се најавите со Google или е-пошта.
- Податоци за возилата: регистарски број, марка, модел, број на шасија и други податоци од сообраќајната што ги внесувате; километража; рокови (регистрација, прва помош, ПП апарат).
- Трошоци: износи, датуми, места (пумпи, сервиси), белешки, и слики од сметки ако ги прикачите.
- Возачи: имиња на возачи што ги внесувате; ако возач се приклучи со код, неговите внесувања ги гледа сопственикот на возилото.
- Плаќања: потврда од Google Play за претплатата (не гледаме податоци за картичка) и искористени купони.
- Технички: токен за push известувања и проверка на интегритет на апликацијата (Firebase App Check).
2. Зошто
За да работи апликацијата: чување и синхронизација на вашите податоци, пресметки и извештаи, потсетници, споделување со возачи што вие ги поканите, плаќање и купони. Не продаваме податоци и не прикажуваме реклами.
3. Асистент (вештачка интелигенција)
Кога го користите асистентот, вашето прашање и краток преглед на вашите податоци (возила, трошоци, потсетници) се праќаат на Google Gemini преку Firebase AI Logic за да се добие одговор. Кога скенирате сообраќајна или сметка, сликата се праќа на Gemini за читање; сликата од сообраќајната не се чува, а сликата од сметката се чува само ако ја прикачите кон трошокот.
4. Каде се чуваат
Во Google Firebase (Cloud Firestore и Cloud Storage), во регионот europe-west3 (Франкфурт, Германија), и на вашиот телефон. Обработувачи: Google Ireland Ltd / Google LLC (Firebase, Google Play, Gemini).
5. Партнери и купони
Ако активирате купон од партнер (сервис, авто-школа, продажен салон, технички преглед), партнерот гледа само дека кодот е искористен и кога. Не ги гледа вашето име, е-пошта, возилата или трошоците. Во апликацијата се прикажуваат името и логото на партнерот („Апликацијата е спонзорирана од …“) и, ако партнерот тоа го избрал, неговите податоци за контакт.
Ако ја инсталирате апликацијата преку QR кодот од купон, Google Play ѝ го предава кодот на купонот на апликацијата при првото отворање, за да ви го покаже спонзорот и да го пополни купонот.
6. Колку долго
Додека ја имате сметката. Избришаните записи трајно се бришат по 30 дена. Кога ја бришете сметката, сите податоци се бришат веднаш (трошоците што сте ги внеле како возач во туѓо возило остануваат кај сопственикот на возилото).
7. Вашите права
Имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување, пренос на податоците и приговор, согласно Законот за заштита на личните податоци. Бришење: во апликацијата Поставки → Сметка → Избриши ја сметката, или на оваа страница. Приговор можете да поднесете и до Агенцијата за заштита на личните податоци.
8. Деца
Апликацијата е наменета за возрасни (возачи и сопственици на возила).
9. Промени
За значајни промени ќе ве известиме во апликацијата и на оваа страница.