Бришење сметка и податоци
Во апликацијата, веднаш
- Отворете Флотко.
- Почетна → Поставки → Сметка.
- Допрете „Избриши ја сметката“ и потврдете.
Без апликацијата
Пратете е-пошта на info@flotko.mk од адресата со која сте најавени, со наслов „Бришење сметка“. Сметката ја бришеме во рок од 7 дена и ве известуваме.
Што се брише
- Сметката (е-пошта, име, идентификатор).
- Сите ваши возила, трошоци, потсетници, смени, возачи, M-Tag/M-Card и слики од сметки.
- Токени за известувања и записи за претплата кај нас.
Што останува
- Трошоците што сте ги внеле како возач во возило на друг сопственик остануваат кај тој сопственик.
- Искористените купони остануваат означени како искористени, без врска со вас (статистика за партнерот).
- Google Play ги чува своите записи за плаќање според своите правила. Претплатата откажете ја во Google Play → Претплати.